Карате Клуб АРМОР

Каратето е древна боречка вештина, која потекнува од Јапонија која го добила името од зборот karatedo, што на јапонски значи празна рака. Главната карактеристика на овој спорт е да ве научи како да се одбраните, поточно како да се борите без оружје.

Иако потекнува од Јапонија, каде што е најзастапено традиционалното карате, после Втората светска војна се шири во целиот свет. Во традиционалното карате најважна е вештината и нема натпревари, додека во спортското карате постојат натпревари во кати и во борби. Суштината на карате вештината се катите. Тие содржат серија на координирани хармонични движења кои се направени по одреден редослед прилагодувајќи се кон специфичен ритам. Секоја ката покажува замислена борба со неколку противници истовремено.

Целта на каратето е да се воспостави рамнотежа помеѓу духот и телото преку техники кои ја градат силата, издржливоста и флексибилноста, држењето на телото, рамнотежата и координацијата. Суштината на каратето е да научите како да се одбраните, не како да нападнете. Каратето за одбрана ја користи моќта на напаѓачот, каде акцент се става на физичката кондиција, брзината и силата на нападнатиот.

Во светот, карате тренираат од деца до возрасни. Кај децата, овој спорт ја развива самодисциплината, ја подобрува комуникацијата, љубопитноста, ја зголемува концентрацијата и ги подобрува моторните способности. Децата веќе од пет години можат да почнат со карате тренинзи, но најдобра возраст е седум или осум години, за потоа, детето да премине во натпреварувачките групи. Децата во каратето, како и во другите борачки вештини, полагаат за појаси, со што го потврдуваат знаењето на карате движењата и катите.

Карате клубот “Армор” ве поканува да се зачлените во нашиот клуб и заедно да ја изучуваме оваа древна вештина во О. У. Крсте Мисирков-Гевгелија и спотрската сала на СОУ „Богданци“.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *