Персоналот во АРМОР ОБЕЗБЕДУВАЊЕ го сочинуваат искусни лица од областа на безбедноста,
самоодбраната и електро инженери кои се грижат за безрезервна посветеност за безбедноста на нашиот клиент.
ОБРАЗОВАНИЕ
Целокупниот персонал редовно подлежи на обука од областа на криминалитетот и детекција, запазување на дискрецијата и деловната тајна, овластувањата и примена на истите, ракување со огнено оружје и самоодбрана. Исто така целиот персонал е во редовен работен однос, со положен испит за обезбедување и легитимации за вршење на дејност.
Обуката и образованието за стекнување со лиценца за обезбедување на нашите го врши посебна наставна група составена од високи полициски службеници професионалци со искуство во областа на безбедноста кои се назначени од страна на Министерот за внатрешни работи на Р.М.