ТРАНСПОРТ НА ВРЕДНОСНИ ПРАТКИ

Во време кога безбедноста на вашиот профит е на ризично ниво, АРМОР нуди сигурносни мерки, со што гарантираме за вашата пратка до последната дестинација. Располагаме со специјализирана дирекција која е подготвена да одговори на специфичните барања и одговорности, како што е транспорт на пари и вредносни пратки. Целосно опремен и вооружен тим, според законите на Република Македонија, специјално обучен за таа намена.

Располагаме, со специјални – блиндирани возила кои се користат за транспорт на пари и вредносни пратки. Возилата се опремени со современи дигитални криптирани радиокомуникациски системи, како и системи за глобално позиционирање (GPS). Движењето на транспортните возила се следи од 24 часовниот Мониторинг центар. Транспорт на вредносни пратки АРМОР врши на територија на цела држава. Вашите пари и вредносни пратки, со тимот за обезбедување на АРМОР се безбедни.

За да не експериментирате со сигурноста на сопствениот капитал и заштитата на вашите приватни или бизнис материјални богатства, осигурете се и истите препуштите ги во рацете на професионалци.